Таа е единствената музичка ѕвезда која заработила толку пари од песните и настапите, пренесува „Sky News“. Ова воедно е првпат Свифт да се приклучи на рангот на милијардери откако нејзиното богатство беше проценето на 1,1 милијарда долари.
Листата на најбогатите луѓе на светот на „Forbes“ моментално изгледа вака:
1. Бернард Арно и семејството: 75-годишниот човек е најбогат на светот, со нето вредност од 233 милијарди долари. Од Франција го надгледува царството од 75 модни и козметички брендови, вклучувајќи ги и „Louis Vuitton“ и „Sephora“.
2. Илон Маск: Препуштајќи го првото место, сопственикот на „Tesla“ и „Space X“, вреди 195 милијарди долари.

3. Џеф Безос: 60-годишниот основач на „Amazon“ е вреден 194 милијарди долари.

4. Марк Закерберг: Уште едно познато име во првите 10 е основачот на „Facebook“, денешна „Meta“, со нето вредност од 177 милијарди долари на само 39 години.
5. Лари Елисон: Основачот на софтверскиот гигант „Oracle“ кој компаниите го користат за складирање и преземање информации, вреди 141 милијарди фунти.
6. Ворен Бафет: 93-годишниот инвеститорот и извршен директор на мултинационалниот конглометар „Berkshire Hathaway“ вреди 133 милијарди долари.
7. Бил Гејтс: Коосновачот на „Microsoft“, Гејтс има нето вредност од 128 милијарди долари.
8. Стив Балмер: Поранешниот директор на „Microsoft“, вреди 121 милијарди долари.
9. Мукеш Амбани: Неговата компанија „Reliance Industries“ е најголемата корпорација во приватниот сектор во Индија со интереси во малопродажбата, финансиските услуги, нафта и гас, петрохемија, телекомуникации и финансиски услуги, што го прави вреден 116 милијарди долари.
10. Лари Пејџ: Овој 51-годишник и натаму е контролен акционер во „Alphabet“ каде се повлекол од местото извршен директор во 2019 година и вреден е 114 милијарди долари.
Листата никогаш не била подолга од овогодишната, пишува „Forbes“, а вкупното богатство на оние на неа изнесува 14,2 билиони долари.
Новата најбогата личност на листата е тајкунот Андреа Пигнатаро од Италија којшто сега вреди 27,5 милијарди долари.
Софија Хогберг Шорлинг и нејзината сестра Марта Шорлинг Анден, ќерките на тајкунот Мелкер Шорлинг, се најбогатите жени кои се придружиле на листата и секоја од нив има проценето богатство од по 5,6 милијарди долари.
Ливија Воjгт (19) е најмладата милијардерка на светот и најмлада меѓу оние кои се приклучиле на листата, откако наследила 1,1 милијарди долари врз основа на уделот во бразилски „VEC“ чиј основач е нејзиниот дедо.
