На Македонија и фалат работници, дефицитот го надополнуваме од странство

На Македонија и фалат работници, дефицитот го надополнуваме од странство

06. 10. 2024.

Директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова на вчерашната „Текстилијада 8“ кажа дека дефицитот на кадар најмногу се забележува во градежништвото, угостителството и производството. Таа вели дека ова впрочем се и најбараните профили на работници кои се бараат од страна на работодавачите.

Но, наместо македонски државјани да се вработуваат, заради се поспецифичните барања на работодавачите се вработуваат и работнци од странство кои ги исполнуваат условите. Пешова додава дека преку разни мерки се трудат да ги задржат младите дома да работат, но и оние кои учеле во странство да се вратат во државата.

„Најголем профил кој го бараат стопанствениците се од областа на градежништвото, угостителството и производството. Тие се дефицитарен кадар во моментов на пазарот на труд, но секако Агенцијата за вработување и понатаму ќе се труди да преземе мерки за нивно вработување. Дефицитарниот кадар во моментов дури е и причина и специфичните барања кои ги имаат работодавачите, се причина доколку не најдат соодветна работна сила да вработуваат странски државјани“, вели Пешова.

Таа посочува дека изборот за пополнување на работни места е на работодавачите, а  улогата на Агенцијата за вработување е да го испита пазарот на трудот и исполнетоста на квотата за вработување на старнски државјани.

„Честопати работодавачите имаат специфични барања кои ги нема расположливиот кадар кој е на евиденција на агенцијата за вработување. Бараат разни сертификати и тие се главна причина за да се одлучат да го поплнат работното место со странски државјанин. Одлуката е на самиот работодавач“, изјави Пешова.

 Досега се издадени 5,000 позитивни мислења од страна на Агенцијата за вработување за странски државјани, а годишната квота е 20,000.

Извор: skopjeinfo.mk