Одлична можност за кариера во Стопанска Банка - Најстарата и една од најреномираните банки во Македонија ни доаѓа на овогодинешниот Регионален саем за вработување!

Одлична можност за кариера во Стопанска Банка - Најстарата и една од најреномираните банки во Македонија ни доаѓа на овогодинешниот Регионален саем за вработување!

14. 10. 2024.

Од 15 до 22 октомври посетете го Најголемиот регионален онлајн саем за вработување и запознајте се со можностите за кариера во Стопанска Банка!

Стопанска Банка АД – Скопје е најстарата и една од најреномираните банки во Македонија, со богата историја која датира од 1944 година која ги постави темелите за банкарското работење.

Денес Стопанска Банка претставува лидер во развојот и спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија и е еден од најголемите финансиски субјекти на пазарот со значаен удел во банкарскиот систем на земјата.

Со широката понуда палети на иновативни производи и услуги кои се целосно ориентирани кон потребите на клиентот, Стопанска Банка е сигурен и доверлив партнер на своите коминтенти,поддржувајќи го нивниот раст и задоволувајќи ги нивните потреби на лесен и ефикасен начин.

Корпоративната култура на Стопанска Банка се заснова на вредности како што се интегритет,професионализам и одговорност. Банката поттикнува отворена комуникација, етичко деловно oднесување и соработка меѓу сите нивоа на вработени. Оваа позитивна организациска култура придонесува за создавање на мотивирана и продуктивна работна сила која е посветена на високите стандарди на работа и постигнување резултати.

Стопанска Банка е силен поддржувач на корпоративната општествена одговорност.Преку различни општествени и еколошки иницијативи, банката придонесува за развојот на заедницата и заштитата на животната средина, што дополнително ја издвојува како пример за општествено одговорна компанија.

Позициите кои ги нуди Стопанска Банка се следните:

Повик за вработување
линк за повеќе детали и аплицирање

Референт за платен промет во Сектор за продажба и мрежа на филијали
линк за повеќе детали и аплицирање

Аналитичар во Сектор за управување со ризици
линк за повеќе детали и аплицирање

Агент за грижа на корисници во Контакт центар
линк за повеќе детали и аплицирање

Студентска пракса
линк за повеќе детали и аплицирање

Соработник за ликвидност во Сектор за средства и ликвидност
линк за повеќе детали и аплицирање

Твојата приказна сега нека биде и наша. Запознај се со компанијата благодарение на Најголемиот регионален саем за вработување. За сите услови, бенефиции и одличниот тим за работа дознајте на линкот.

ПОСЕТЕТЕ ГО ШТАНДОТ НА СТОПАНСКА БАНКА