За реално да пораснат платите мора да расте економијата. Изминативе години примањата на работниците растеа со побрзо темпо од економијата. Ова резултира со пад на продуктивноста, тоа е проста економска логика – продуктивноста се пресметува по формулата сооднос меѓу Бруто домашниот производ и бројот на вработени.
Освен ниската продуктивност, ограничувачки фактор за раст на платите сè уште е и стапката на невработеност.
Сепак, ова полека се менува. Работодавачите до неодамна едноставно штедеа на работниците бидејќи сметаа дека лесно може да ги заменат. Ова е се помалку застапено, компаниите сфатија дека е тешко да најдат и да задржат добар работник, особено квалификуван. Натамошниот пад на невработеноста ќе резултира и со раст на просечната плата.
Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 97%.
Просечната плата во јануари 2015-та била 21.828 денари, а со последната обајава на Државниот завод за статистика, просечна плата во јануари 2025 изнесува 43.050 денари(700 евра).
И покрај континуираниот раст, Македонија останува закотвена речиси на дното во Европа и регионот според висината на просечната плата.
Подобро од нас заработуваат работниците во Србија, во просек 924 евра месечно, во Босна и Херцеговина земаат 790 евра, во Црна Гора 1.004, во Хрватска 1.392 и во Словенија 1.569 евра месечно.
