Идеалниот кандидат треба да има најмалку една година искуство во пострижување на домашни миленици или на слично работно место, а како што е наведено во самиот оглас, љубовта кон животните е предуслов за да се добие работата.
Исто така, потребно е добро да се познава англискиот јазик, додека пак, познавањето на еден од нордските јазици е пожелно, но не и задолжително.
Групацијата Мусти, покрај вработувањето со полно работно време, на избраните кандидати ќе им помогне да најдат сместување во Осло. Според огласот, во моментов се бараат шест кандидати, и како што пренесува порталот Novac.hr, потрагата се одвива по цела Европа.
Имаме грумери од Полска, Латвија, Норвешка, Србија и Хрватска, вели Марија Безе, менаџер за деловни услуги во Musti Spa & Velværeu.
Таа додава и дека интересот за работата е одличен, но исто така и дека луѓето тешко се одлучуваат да го напуштат семејството и работните места за да започнат со оваа работа.

