На листата, која се однесува на федерално ниво, наведени се 54 профили кои недостигаат на пазарот на трудот – од негуватели, готвачи и машиновозачи, па се до ѕидари и столари.
Покрај тоа, некои покраини во земјата ги објавија своите најдефицитарни професии на пазарот на трудот.
Така, на Корушка и недостигаат, пред сè, фризери, на Долна Австрија месари, на Салцбург молери, на Штаерска специјалисти за шпедиција, а на Тирол и Форарлберг им фали работна сила во хотелиерството.
Интересно е што во Горна Австрија, Салцбург, Тирол и Форарлберг се бараат и келнери, а фризерите се дефицитарно занимање во дури шест покраини.

Како до работа во Австрија?
На работниците од земјите кои не се членки на ЕУ им е овозможено да аплицираат за црвено-бело-црвена карта која се заснова на системот за бодување.
Барањето за црвено-бело-црвена карта можат да го поднесат кандидати кои ги исполнуваат следните критериуми:
- стручно образование за едно од овие дефицитарни занимања (мора да се приложи диплома);
- задолжителна понуда за работа во Австрија за која ќе биде исплатена најмалку минимална плата пропишана со закон или колективен договор;
- потребен минимален број на бодови во бодовниот систем потребен за професионалците во дефицитарните занимања.

