Топ 5 највисоки плати: Кој најмногу заработува во Македонија?

Топ 5 највисоки плати: Кој најмногу заработува во Македонија?

25. 12. 2019.

Државниот завод за статистика со објавувањето на просечната нето-плата за месец октомври 2019 година, ги објави податоците за дејностите чија просечна плата е повисока од државниот просек.

Државниот завод за статистика со објавувањето на просечната нето-плата за месец октомври 2019 година, ги објави податоците за дејностите чија просечна плата е повисока од државниот просек.

Имено највисока просечна плата изнесува 60.899 денари и е во секторот “компјутерско програмирање”.

На второ место се наоѓа дејноста “производство на фармацевтски производи и препарати” со износ на просечна плата од 46.713 денари, и на трето место е секторот “воздухопловен транспорт” со просек од 45.683 денари.

Следуват секторите „финансиско-услужни дејности“ (44.345 денари) и „телекомуникации“ (40.153 денари).

извор: novosti24.mk