Секој што ќе продава или издава стан ќе мора да го поседува овој документ

Секој што ќе продава или издава стан ќе мора да го поседува овој документ

19. 02. 2020.

Новиот закон за енергетска ефикасност стапи на сила

Секој што ќе продава или издава стан -  стар или нов ќе мора да приложи и документ  за тоа колку е енергетски  ефикасен. Новиот закон за енергетска ефикасност стапи на сила. Со него се предвидува контролор да направи проверка на ефиканоста на објектот и да му издаде сертификат на сопственикот. Според експертите со ова купувачот ќе знае што купува, ќе има претстава колку  според ефикасноста  е потршувачката на струја  во станот.

Со новиот закон освен станбените згради, овластени енергетски контролори ќе ја проверуваат енергетската ефикасни и големите претпријатија, организации. А ќе се прави контрола и  на објектите на  државните и јавните инситуции. 

извор: skopjeinfo.mk