Во изминатиов перод на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од граѓани кои вредно изработуваат во нивните домови заштитни маски кои ги подаруваат.
Една таква фотографија е и од домашната карантинска работилница на еден брачен пар на која се гледа како тие вредно изработуваат заштитни маски. Фотографијата е споделена од нивната ќерка која апелира дека ако на некому му требаат маски, може слободно да ги контактира.


