Сопствениците на три вили во северна Италија бараат двојка која ќе го одржува нивниот имот и ќе помогне во секојдневните активности. Платата е околу 2.360 евра по човек, што значи дека парот што ќе ја добие работата ќе заработи вкупно 4.700 евра.
Обврските на парот се одржување на вилата и градината, чистење, подготовка на оброци по договор, набавка на намирници, грижа за две кучиња и резервирање на некои социјални настани за гостите на вилата, јавува Нова.
Идеалните кандидати мора да имаат најмалку тригодишно искуство во слична работа, да сакаат кучиња, дасакаат да живеат во Италија и да знаат или да сакаат да научат италијански.
Сместувањето е обезбедено и започнува наесен. Работата не е сезонска, туку постојана.

