Државјаните на сојузната држава Викторија ќе добијат 1.500 долари од австралиската влада во случај на инфекција со Ковид-19. Ова ќе важи доколку се принудени да одат во самоизолација, а немаат боледување.
Претходно оваа година, кога се соочивме со пожари, реализиравме бројни дополнителни плаќања како резултат на катастрофата, особено за деца и семејства кои беа погодени од пожарите. Она со што се соочуваме сега е катастрофа и ние мора соодветно да одговориме на тоа, изјави тој.
Морисон посочи дека е неопходна таква поддршка за луѓето кои се принудени да се изолираат во период од две недели.
Исто така, граѓаните ќе можат да ја добијат оваа помош повеќе од еднаш доколку е потребно да се изолираат повеќе пати.
Потсетуваме дека оваа австралиска држава прогласи состојба на катастрофа и воведе нови рестриктивни мерки, како резултат на наглиот скок на бројот на заболени од коронавирусот.

.jpg)