Се покажа дека начинот на кој го држиме нашиот телефон директно ја рефлектира нашата личност. Постојат четири универзални начини на кој го држите вашиот телефонот и секој од нив одговара на одреден карактер.
A – Телефонот го држите во едната рака и пишувате текст со палецот
Држењето на телефонот со едната рака зборува многу за вашата разноврсност. Вие сте организирани и дисциплинирани, секогаш знаете што е добро за вас, а што е лошо. Повеќе сакате да зборувате отколку да слушате, но нема намерно да навредувате никого. Умеете да направите разлика помеѓу вистинската љубов и обичното преправање. Вие ќе направите се за личноста што ја сакате.
B – Телефонот го држите во двете раце и пишувате текст со палецот
Тоа покажува дека сакате заштита, барате грижа и внимание. Не сакате да покажувате чувства и поради тоа, вашиот партнер може да почувствува недостаток на љубов.
C – Телефонот го држите во двете раце, но ги употребувате и двата палци кога пишувате
Не сте многу срдечни, често сте загрижени и исплашени. Потребен ви е партнер кој ќе ве разбере 100 проценти. Кога сигурна личност е со вас, вие сте полни со самодоверба. Ја сакате вашата љубов со цело срце и лесно ги заборавате проблемите од минатото.
D – Телефонот го држите со едната рака, а пишувате текст со показалецот од другата рака
Имате тивко и избалансирано однесување. Подготвени сте да жртвувате сè за доброто на другите. Не сакате гужви. Претпочитате тивки и познати места. Вие сте такви и во љубовта - тоа е тивок рај за вас. Не можете да ги поднесете солзите, особено на блиските луѓе. На најблиските им простувате грешки со рекордна брзина, пишува tuzlanski.ba.

