Фејсбук ќе ја отстрани опцијата за лајк на страниците

Фејсбук ќе ја отстрани опцијата за лајк на страниците

08. 01. 2021.

Страниците ќенемат можност за лајк само за следење

Facebook ја укинува можноста за „лајкување“ на редизајнирани јавни страници што ги користат уметници, јавни личности и брендови, објави  компанијата за социјални медиуми.


Facebook страницата ќе прикажува само следбеници и ќе има посветен дел со новости каде што корисниците можат да се приклучуваат на разговори, да комуницираат со истомисленици и да стапат во контакт со обожавателите, објави компанијата во блогот.


„Отстрануваме лајкови и се фокусираме на следбеници со цел да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници“, соопшти Faceboom за редизајнот.