Македонската кошаркарска федерација во периодот од 27. јули до 6. август ќе биде организатор на Европско Првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години. На ова првенство, кое ќе се одигра в Скопје, учество ќе земат 24 репрезентации од Европа кои се натпреваруваат во вториот ранг на континенталниот собир за јуниори.
МКФ го објавува овој конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација.
Отворени позиции:
- Одговорни лица за репрезентации (23 позиции)
- Одговорни лица за хотел (10 позиции)
- Најавувач на натпревар во спортска сала (3 позиции)
- DJ во спортска сала (5 позиции); музиката и опремата е обезбедена од МКФ
- Лице за одржување на терен во спортска сала за време на натпревари (5 позиции)
Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со назнака „За конкурс за ЕП во Скопје“.
Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 25 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик.
Рокот за пријавување е до 27. јуни.
извор: факултети.мк
КОНКУРС од МКФ: Отворени се 46 позиции
Izdvojeni oglasi
-
ПОСЛЕДНА ШАНСА за аплицирање: KROMBERG & SCHUBERT вработува
Огласите истекуваат на полноќ!
-
4 отворени позиции: ЗУР Маркет ВРАБОТУВА
- минимум средно
-
БАЗАРО вработува во Скопје, Тетово, Охрид, Прилеп и Струмица
- се бараат кандидати со минимум средно
-
ПЗУ САНТЕ ПЛУС со отворени работни позиции
Аплицирајте!
-
ГОЛЕМ КОНКУРС за вработување во Даути Комерц
- отворени се повеќе позиции
-
Фабрика „Карпош“ со отворени позиции: Вработуваме во Скопје и Куманово
Ги очекуваме Вашите апликации!