Отворени пунктовите за вакцинација против сезонски грип
Вакцинација против сезонски грип почнува денеска во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје каде не се врши вакцинација против Ковид-19.
Набавени се 40 000 четириваленти вакцини, а граѓаните кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk ќе добијат СМС пораки во кои ќе им биде напишан датумот, часот и местото за вакцинација.
Ова е четврта година по ред како e обезбедeна бесплатна вакцинација за хронично болните, граѓаните над 65 – годишна возраст, бремените жени, децата и здравствените работници. Ќе има и теренска вакцинација и тоа во домовите за стари лица, центрите за дијализа, за здравствените работници ќе се организира пункт во Институтот за јавно здравје, а во Скопје каде се очекува и најголем притисок за вакцинација освен во Центарот за јавно здравје од поликлиниките за вакцинација за сезонски грип ќе бидат наменети тие во Ѓорче Петров, Бит Пазар и во Идадија.
Ставот на Националниот комитет за имунизација е дека нема никаков ризик ако двете вакцини таа за сезонски грип и за Ковид-19 се примат во исто време, а ако не се примат во исто време нема разлика колкaв временски период ќе биде дистанцата меѓу двете вакцинации.
Извор: slobodenpecat.mk