Изминатите 24 часа на ГП Богородица е забележана зголемена сообраќајна фреквенција, каде се чекало меѓу 40 минути и еден час за излез од земјава.
И покрај тоа што функционирале сите сообраќајни ленти, имало повремени големи налети на туристи, чиј број на излез од земјава изнесува 8.122 туристи, најголем број од нашата земја и од соседна Србија.
За време на сообраќајниот метеж, кој траел до 12 часот, се случиле и неколку непријатни ситуации на меѓусебни кавги меѓу возачите поради на редот, како и меѓу камионџиите од истата причина кои сепак завршиле мирољубиво.
извор: kurir.mk