Иако обично се обидуваме да ги избегнеме стресот и ситуациите кои можат да нѐ налутат, експертите дојдоа до интересно откритие.
Имено, лутењето барем половина час дневно не само што е корисно затоа што го ублажува стресот, туку и ја подобрува кардиоваскуларната и респираторната активност.
Taка тврдат истражувачите од Универзитетот во Мексико, според чие мислење, лутењето половина час дневно може да биде добро за здравјето на луѓето, особено за мозокот. Но, зошто е така?
Кога се лутиме, постои неврохемиски импулс кој ги стимулира мозочните бранови. Кога нервниот систем се напрега, се забрзуваат чукањето на срцето и дишењето. Исто така, за време на фазата на лутина има зголемено производство на допамин, хормон кој го стимулира мозокот и произведува еден вид возбуда во невроните, но и норепинефрин, хормон кој ги зголемува крвниот притисок и отчукувањата на срцето.
Гневот го активира нашиот мозок, како и некои од нашите внатрешни органи, па не е толку лош како што мислиме.
Сепак, научниците објаснуваат дека умереноста е многу важна во овој случај, а според нивното мислење, не треба да се лутиме повеќе од 30 минути дневно. Во спротивно, може да се јави контраефект и да има штетно влијание врз нашето здравје.
На пример, во ситуации кога има гнев или каков било вид возбуда, телото произведува кортизол, познат и како хормон на стрес, кој има многу негативни последици доколку се претера.
Лутењето половина час дневно е добро за здравјето
Zanimljivosti
-
На овој остров се дозволени автомобили само во еден случај, а главното превозно средство е велосипедот
Освен по својата нереална убавина, овој остров од само десет квадратни километри е интересен и по тоа што интензивно се работи на елиминирање на автомобилскиот сообраќај.
-
Тежат 43 милијарди долари и продаваат слатки, а никој не ги видел нивните погони
Слатките по кои цел свет „полуде“ се дело на познатиот Мишел Фереро. Човекот кој ја создаде империјата на слатките почина пред девет години, а зад себе остави добро познати слатки. Нутела, бонбони тик-так, слатки Фереро Рошер како и познатото Киндер јајце се дело на овој Италијанец.
-
Квадрат и до 10.000 евра: Колку чинат становите во близина на познати италијански споменици?
Најголемиот сајт за недвижнини во Италија, „Imobiliare“ ги објави резултатите од истражувањето за тоа колку чинат становите во близина на најголемите и најпознатите италијански споменици.
-
Сте се запрашале ли зошто во авионите нема седиште со број 13?
Стјуардеса открива зошто во авионите на некои компании нема тринаесетти ред седишта.
-
Не го чувајте лебот во ќеса – еве како правилно се чува за да остане свеж
Ако го оставите лебот на кујнскиот пулт, во фиока или кутија за леб, а сепак го чувате во пластична кеса – тоа воопшто не е добра идеја. Лебот во кесата ќе се исуши, додека во кутијата постои можност за појава на мувла.
-
Маск: На човештвото ќе му требаат милион години за да го колонизира Млечниот Пат
Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата за вселенски летови Спејс Икс (Space X) Илон Маск сугерираше дека на човештвото ќе му бидат потребни милион години за да ја колонизира галаксијата Млечен Пат.