Од изнајмување душек за 10 долари до компанија вредна 30 милијарди долари
Пред точно 10 години, односно 2008 година двајца цимери, т.е. основачите на Airbnb, Brian Chesky и Joe Gabbia не биле во можност да плаќаат кирија за станот во кој тогаш живееле, па добиле идеја својот душек на надувување да го изнајмуваат за 10 долари. Иако целата иницијатива произлегла од потребата за дополнителен приход, со тек на време увиделе дека тој начин на издавање може многу да им помогне на голем број луѓе со исти финансиски проблеми.
Така во 2008 година заживеала идејата за страницата AirBad & Breakfast. На самиот почеток основачите се соочиле со голем број проблеми при лансирање на страната, која се три пати доживеала пропаст. За да заработат почетен капитал, Chesky и Gabbia направиле мини бизнис потфат, т.е. продавале "Obama O's" и "Cap'n McCains" садови со житарици. Така за два месеци го заработиле првиот почетен капитал од 30.000 долари, а потоа следело и првото вложување од страна на Paul Graham, англиски инвеститор кој на самиот старт препознал голем потенцијал во целата идеја.
Следната, 2009 година била клучна, кога нивното преименување во Airbnb се покажало како прав бизнис погодок. Компанијата тогаш почнува со рапиден раст од година во година, а во пролетта 2014 година забележа 10 милиони корисници кои преку нивната страна резервирале сместување и преку 550.000 огласени сместувачки капацитети ширум целиот свет. Во 2016 година оваа бројка се искачила на 80 милиони. Денес, овој посредник за изнајмување на сместување брои 164 милиони корисници кои секојдневно резервираат сместување за својот одмор и патувања, во повеќе од 81.000 градови во 191 држави во светот.
moj-posao.net