Забрането движење за време на следниот викенд вклучително и понеделник - одлучи Владата на денешната седница. Впрочем полицискиот час почнува од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 05 часот. Во тој период се забранува движењето за сите граѓани, објави премиерот Оливер Спасовски
Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Дополнително, од четврток 16 април 16 часот, до вторник 21 април 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава.
За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие граѓани има целосна забрана.
За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие лица има целосна забрана.
Останува активна забраната за движење на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.
Полициски час за Велигден - Еве кој сепак ќе може да се движи
Aktualno
-
Земјоделци од Македонија ја спасуваат бербата на аспарагус во Австрија
Во време кога земјоделската индустрија се соочува со сериозен недостиг на работна сила, сезонските работници од Македонија доаѓаат како спасители за бербата на аспарагус во Австрија.
-
Како да ги решите деловните проблеми? Пробајте го брилијантниот метод на Стив Џобс
Проблемите се нешто со кое вработените, но и врвните менаџери се соочуваат секој ден на работа. Многумина не знаат како да најдат начин да ги решат своите проблеми, па со собирање и криење очекуваат сами да ги решат. И нема.
-
„Моравме да мукаме како крави“ - Ова се најлошите интервјуа за работа
Интервјуата за работа секогаш се стресни, но вистинскиот проблем настанува кога ќе станат непријатни и непрофесионални. Некои имале многу бизарни искуства.
-
Покрена бизнис со кревети, без ниеден кревет: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb
Доказ дека равенката за успех е работа + упорност + верба + среќа!
-
ВО СУПЕРМАРКЕТИ, АПТЕКИ И ДРУГИ ПРОДАВНИЦИ ВО ГРЦИЈА, НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ДА СЕ ОДИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ: Ако ги почитувате овие правила, нема да ги налутите сопствениците
Прочитајте ги овие совети доколку сакате да поминете спокоен одмор во Грција.
-
Доматот се продава за 40 денари, а ние го плаќаме дури 80 денари – еве како се создава вештачка инфлација
На Кванташкиот пазар во Скопје, цените на основните земјоделски производи остануваат стабилни и пристапни за сите слоеви на населението. Сепак, кога овие производи го напуштаат пазарот и се упатуваат кон локалните продавници и пиљари, цените драстично се зголемуваат.