Забрането движење за време на следниот викенд вклучително и понеделник - одлучи Владата на денешната седница. Впрочем полицискиот час почнува од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 05 часот. Во тој период се забранува движењето за сите граѓани, објави премиерот Оливер Спасовски
Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Дополнително, од четврток 16 април 16 часот, до вторник 21 април 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава.
За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие граѓани има целосна забрана.
За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие лица има целосна забрана.
Останува активна забраната за движење на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.
Полициски час за Велигден - Еве кој сепак ќе може да се движи
Aktualno
-
Маск го отпушти речиси целиот оддел во Тесла: Сега ги бара назад
Tesla отпушти голем број луѓе од одделот за полнење електрични автомобили, но сега ги бара назад.
-
Мислите дека сте безбедни внатре, но внимавајте: Никогаш не го правете ова за време на бура со грмотевици
Прочитајте!
-
Ѓумбирот може да биде катастрофален за оваа група луѓе!
Ѓумбирот со години е познат како „чудесна билка“, но дали навистина е „суперхрана“?
-
Овие лажни апликации за „Android“ ги крадат лозинките од вашиот телефон
Малициозен софтвер користи познати икони на апликации за „Android“ за да ги измами корисниците да инсталираат малициозни апликации.
-
НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано
Социјалните мрежи се преплавени со поплаки од првите гости кои тргнале на море во Грција, бидејќи сопствениците на станови во просек ги покачиле цените за најмалку 30 отсто во однос на лани.
-
До кога ќе јадеме скапи домати и пиперки увезени од странство?
На зелените пазари и во маркетите забележуваме значително зголемување на цените на основните земјоделски производи.