Забрането движење за време на следниот викенд вклучително и понеделник - одлучи Владата на денешната седница. Впрочем полицискиот час почнува од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 05 часот. Во тој период се забранува движењето за сите граѓани, објави премиерот Оливер Спасовски
Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Дополнително, од четврток 16 април 16 часот, до вторник 21 април 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава.
За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие граѓани има целосна забрана.
За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие лица има целосна забрана.
Останува активна забраната за движење на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.
Полициски час за Велигден - Еве кој сепак ќе може да се движи
Актуелно
-
ЗОШТО НА ВЕЛИГДЕН СЕ ЈАДАТ ЈАЈЦА!? Многумина не знаат од кога негуваме ваква традиција и од каде потекнува овој долгогодишен обичај
Јадењето јајца за Велигден е поврзано со христијанската историја. Јајцата биле симбол на животот и плодноста.
-
Заработка од 186 евра на час! За овие три работи не ви е потребна диплома, има само еден услов!
Три работи кои може да се работат од дома, а од нив може да заработите добри пари.
-
До 2030 година Албанија со четири аеродроми
Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро изјави дека до 2030 година Албанија ќе има четири аеродроми, објави Албанската радио и телевизија.
-
Кој може да аплицира за шпанска дигитална номадска виза?
Шпанската дигитална номадска виза е достапна за државјани кои не се членки на ЕУ кои работат од далечина за нешпански компании. На апликантите им е дозволено да добиваат најмногу 20 отсто од својот приход од шпански компании. Право на виза имаат и самовработените номади со повеќе клиенти и работниците од далечина вработени во компанија надвор од Шпанија.
-
До понеделник градските автобуси со празничен возен ред
За време на велигденските празници, односно од утре петок – 3 мај до понеделник 6 мај. јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.
-
Не тргнувајте за Грција без Меѓународна возачка дозвола – само еден незгоден полицаец може да ви го расипе одморот
Во пролетните и летните периоди, патувањето надвор од границите на родната земја станува сè почесто. Без разлика дали станува збор за работа, туризам или посета на пријатели или роднини, многумина одлучуваат да го земат воланот во свои раце и да отпатуваат.