Aktualno
-
Поради голем дефицит во Македонија ќе се увезуваат работници!
Македонската економија ќе се раздвижува со увоз на работници од странство. Пазарот ќе се либерализира, но дали целосно или таргетирано, се уште е отворена дилема.
-
Над два милиони претплатници во мобилната телефонија во земјава
Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија заклучно со третиот квартал лани достигна 2.048.236 и бележи зголемување за 115 илјади во однос на претходното тримесечје кога беа регистрирани 1.932.608 претплатници.
-
Пониски сметки за домаќинствата кои заштедиле струја
И годинава Владата ќе продолжи да ги субвенционира домаќинствата при промена на енергетски ефикасни ПВЦ прозорци, монтирање на фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи како и намалување на сметките за струја на ранливите категории на граѓани но и за сите оние кои успеале да заштедат струја во однос на ланската година.
-
Попладнево блокади во Скопје - граѓаните сакаат греење 24 часа!
Жителите од Автокоманда своето незадоволство поради изменетите услови во испораката на топлинска енергија и поради промената на снабдувачот, денеска попладне ќе го искажат со блокада на булеварот Александар Македонски. Граѓаните повикуваат на масовно присуство на протестот, кој започнува во 18 часот на семафорите кај “Бакс“.
-
Историска одлука - жените земјоделки добиваат платено отсуство за мајчинство
Владата денеска на седница донесе историска одлука со која се усвои Предлог Програма за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност.
-
Халкбанк ги зголеми платите на вработените
Халкбанк АД Скопје изврши генерално покачување на платите на сите, над 700 вработени во банката на ниво на просек од 14%, со што најзначително се влијае на пораст на најниската плата во банката, пишува на нивниот официјален сајт.
-
Минималната плата во март ќе биде околу 20.500 денари
Идниот месец најверојатно минималната плата ќе биде околу 20.500 денари во приватниот и јавниот сектор и тие средства се предвидени со Буџетот за 2023 година.
-
Не купувајте на Интернет ако не ви издадат фискална сметка, апелираат во Пазарниот инспекторат
Кога купуваат онлајн, граѓаните најчесто се жалат на лоши искуства во поглед на квалитетот на производите, неможноста за вршење замена на производите, достава надвор од утврдениот рок, неможноста да се оствари повторен контакт со продавачот заради блокирање на страницата, велат во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
-
Дали Швајцарците ќе го укинат плаќањето во кеш?
Граѓаните на Швајцарија на референдум ќе одлучат дали сакаат да го задржат плаќањето во готово, откако беше утврдено дека се собрани доволно потписи за организирање јавно изјаснување.
-
Kaко се рангирани македонските универзитети?
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ) се најде на 1.526 место на ранг-листата за најдобри универзитети што ја објавува истражувачкиот шпански центар Вебометрикс.
-
За Германците помош од по 3.000 евра - Владата ветува нов пакет поддршка за инфлацијата, но што ќе речат газдите
Поради инфлацијата и сè потешката финансиска ситуација што го погодува народот на Германија, германската федерална влада вети трет пакет финансиски олеснувања.
-
Зошто земјотресот во Турција беше толку смртоносен и што го предизвика?
Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот ја погоди југоисточна Турција во близина на границата со Сирија.
-
Кои се најголемите македонски банки? Располагаат со 6,3 милијарди евра вредна актива!
Секоја од трите најголеми банки во 2022 година, во просек, во македонската економија вбризгале по 100 милиони евра кредити, а вкупно нивните кредитни пласмани надминуваат 3,5 милијарди евра. И кај трите најголеми банки видлив е трендот на намалено вложување во државни обврзници
-
Уште еден американски технолошки гигант најави откази
Американскиот производител на персонални компјутери Dell Technologies во понеделник објави дека ќе укине 6.650 работни места поради послабата потрошувачка на граѓаните и компаниите во услови на висока инфлација и повисоки трошоци за задолжување.
-
Голем одлив на лекари во странство: Од 7.400 спаднавме на 5.400
Одливот на лекарите во странство е многу голем. Ако пред 10 години во Македонското лекарско друштво имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400, рече проф д-р Горан Димитров претседател на најстарата професионална организација на денешната трибина во Европска куќа во Скопје.
-
„Луфтханза“ ќе лета до Скопје, а откажува други планирани летови
Германскиот авиопревозник „Луфтханза“, кој е во трка со „Виз ер“, и „Егеан“ за добивање на субвенција од македонската Влада за отворање нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, го одложува планираниот раст на летови од Минхен кон авиопристаништата на главните градови на поранешните ЈУ републики (Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, како и Дубровник).
-
Србија сруши Гинисов рекорд – На едно место собрани 256 луѓе со исто име и презиме
Србија сруши Гинисов рекорд откако на едно место се собраа 256 лица со исто име и презиме – Милица Јовановиќ.
-
До средината на март ќе бидат затворени сите поголеми хотели на охридско-струшкото крајбрежје
Поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се затворени. Дел од вработнете во туристичкиот сектор користат годишен одмор, а останатите седат дома и примаат 70 проценти плата, потврди претстедателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески.
-
Дали е рекорд: За еден ден казнети 727 возачи
Полицијата континуирано спроведува контроли во сообраќајот, но и покрај тоа возачите се уште се многу опуштени. Стискаат на педалот за гаста, а тоа носи казна.
-
Големо намалување на цените на горивата – ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67% во однос на одлуката од 3.2.2023 година.