Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота – еве кои улици ќе бидат засегнати
Актуелно

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота – еве кои улици ќе бидат засегнати

6/19/2026

Министерството за внатрешни работи информира дека утре (20 јуни, сабота) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на јавен настан кој ќе започне во 18:00 часот.

Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје најавуваат мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот долж трасата по која ќе се движат учесниците на настанот.

Според најавата, движењето ќе започне пред Фонтана Лотус во Градскиот парк, по што ќе продолжи по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански Одреди“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрие Чуповски“, а ќе заврши во паркот „Жена Борец“ на улицата „11 Октомври“.

Поради тоа, во текот на настанот се очекуваат повремени ограничувања и пренасочување на сообраќајот на дел од наведените сообраќајници.

Од СВР Скопје апелираат до граѓаните и возачите да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Извор: skopje1.mk