Понеделник е неработен за католиците, за православните доаѓаат четири дена одмор
Актуелно

Понеделник е неработен за католиците, за православните доаѓаат четири дена одмор

4/4/2026

Граѓаните од католичка вероисповед во недела го слават Велигден. За нив, согласно календарот на неработни денови, неработен ден ќе биде 6. април (понеделник) – кога се слави вториот ден на Велигден.

За православните христијани, не овој што доаѓа, туку следниот викенд ќе биде продолжен. Практично учениците и работницте ќе имаат мини одмор, со оглед дека неработни денови се петокот и понеделникот. 

Неработен ден за православните верници во земјава ќе биде 10 април – Велики Петок, додека 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, ќе биде неработен за сите граѓани.  

Извор: nezavisen.mk