МВР СО БИЛАНС ЗА ЈУЛИ: Над 20.000 сообраќајни прекршоци, 496 лица лишени од слобода и одземени 332 возила!
Актуелно

МВР СО БИЛАНС ЗА ЈУЛИ: Над 20.000 сообраќајни прекршоци, 496 лица лишени од слобода и одземени 332 возила!

8/4/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги објави статистичките податоци од интензивните сообраќајни контроли спроведени на патиштата низ целата држава во периодот од 1 до 31 јули 2026 година.

Во текот на изминатиот месец полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи констатирале и санкционирале вкупно 20.976 сообраќајни прекршоци.

Приведени 496 лица за безобѕирно управување возило Поради тешки сообраќајни прекршоци кои директно ја загрозуваат безбедноста, лишение од слобода биле вкупно 496 лица:, објави 4news.mk


Управување без дозвола: 373 лица
Возење под дејство на алкохол: 81 лице
Возење под забрана: 25 лица со претходно изречена мерка за забрана за управување
Екстремно чекорење на брзината: 13 лица надвор од населено место и 3 лица во населено место
Возење во спротивен/забранет правец: 1 лице
Покрај лишувањето од слобода, согласно член 300-б од Кривичниот законик, привремено или трајно се одземени 332 возила.

Структура на најчестите прекршоци во јули:


Брзо возење: 4.241 платни налози се издадени за непочитување на пропишаната брзина.
Неправилно паркирање: Евидентирани се 4.694 прекршоци.
Возење под дејство на алкохол: Изречени се 430 санкции.
Санкции за мотоциклисти: 2.073 возачи на мотоцикли се казнети поради неносење заштитен шлем (кацига).
Некористење сигурносен појас: Санкционирани се 1.829 учесници во сообраќајот.
Техничка неисправност и исклучување од сообраќај

Според одредбите од Законот за возила:

299 возила биле отстранети од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани.
125 возила се исклучени поради установена техничка неисправност.
44 возачи се санкционирани за неисправно или непредвидено затемнување на стаклата (непрописно поставени фолии).

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат со непрекинат интензитет и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот за стриктно почитување на правилата и прописите.

извор:4news.mk