Какво време нè очекува за продолжениот викенд? Утре дожд и ветер, а еве ја прогнозата за сабота и недела
Актуелно

Какво време нè очекува за продолжениот викенд? Утре дожд и ветер, а еве ја прогнозата за сабота и недела

10/22/2026

Продолжениот викенд ќе започне со променливо облачно време, повремен дожд и засилен ветер, додека во сабота се очекува стабилизирање на временските услови. Недела, пак, ќе донесе нова можност за локални врнежи, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре, петок (23 октомври), времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд во утринските часови.

Ќе дува слаб до умерен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе биде од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 17 до 23 степени Целзиусови.

Какво ќе биде времето во Скопје?

Во главниот град утре се очекува променливо облачно време, со услови за повремен локален дожд во утринските часови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Сабота со стабилно време, недела со можен дожд

Според УХМР, во сабота (24 октомври) ќе се задржи стабилно време, што ќе овозможи поповолни услови за прошетки и активности на отворено.

Во недела (25 октомври) повторно ќе преовладува променливо облачно време, проследено со повремени локални врнежи од дожд.

Во деновите по викендот се очекува постепено стабилизирање на временските услови.

Со оглед на тоа што петок, 23 октомври, е неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, граѓаните ги очекува продолжен викенд, а според најавената прогноза, сабота ќе биде најповолниот ден за активности на отворено.