Според информации и сведоштва на патници објавени на социјалните мрежи, најголеми гужви биле регистрирани на преминот Евзони-Богородица, каде чекањето достигнало и до три часа, при што сообраќајот се одвивал особено бавно, а колоните возила биле километарски.
Покрај Евзони-Богородица, гужви имало и на граничниот премин Дојран, каде чекањето било околу еден час. Таму, покрај македонските туристи, традиционално значително присуство имаат и српските патници.
Како една од причините за застојот се наведува и примената на новиот европски систем за влез и излез (EES), кој воведува дополнителни проверки и биометриска регистрација на патниците, што го забавува граничниот проток.
