Практикантска можност во Реплек – твојата кариера може да започне токму тука!
Издвоени огласи

Практикантска можност во Реплек – твојата кариера може да започне токму тука!

5/1/2026

Не чекај можноста сама да дојде. Создади ја.

 

Доколку си студент, апсолвент или матурант кој сака првото професионално искуство да го стекне во една од најпрепознатливите македонски компании, тогаш ова е можност што вреди да ја искористиш.

Replek AD Skopje отвора врати за новата програма за практикантство, наменета за млади, амбициозни и љубопитни идни професионалци кои сакаат знаењето од факултетските клупи да го претворат во реално искуство.

Во рамки на програмата, практикантите ќе имаат можност да учат, да работат со искусни професионалци и одблиску да ги запознаат процесите во различни сектори на компанијата:

Отворени оддели за практикантство:

  •  Развој и истражување
  • Контрола на квалитет
  • Производство
  • Логистика
  • Набавки
  • Инженеринг
  • Дигитални услуги
  • Сметководство
  • Човечки ресурси
  • БЗР (Безбедност и здравје при работа)

Кого бараме?

Млади луѓе кои имаат желба да учат, да преземаат иницијатива и да растат во професионална средина, со образовен профил релевантен за избраниот оддел.

Што добиваш?

  •  Практично искуство во реална работна средина
  •  Менторска поддршка од искусни професионалци
  • Запознавање со современи деловни и производствени процеси
  • Можност за градење професионална мрежа
  •  Шанса твојата пракса да биде почеток на долгорочна кариера

Не чекај можноста сама да дојде. Создади ја.

Аплицирај и започни ја својата професионална приказна со Реплек. 

ОГЛАСОТ Е ОВДЕ