Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа.
Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Хдрцеговина 41,1, а пократка во Хрватска 37.8.
Во ЕУ најдолги работни недели има во Грција 39,6 часа, во Бугарија и Полска по 38,7 и во Литванија 38,4. Спротивно на тоа, Холандија има најкратка работна недела 31,9 часа, по што следуваат Данска и Германија со по 33,9 и Австрија со 34,0.
Занимањата со најдолга работна недела во ЕУ биле квалификувани земјоделски, шумарски и рибарски работници (42,0 работни часови), менаџери (40,6) и занимања во вооружените сили (39,4).
Спротивно на тоа, најкратките работни недели се забележани во елементарните занимања (31,8), помошни работници (34,0) и услужни и продажни работници (34,5).
