Според ДЗС Најголем пад е регистриран во секторот Рударство и вадење камен, каде бројот на работниците е намален за 6,8 проценти. Намалување е забележано и во преработувачката индустрија, додека благ раст има само во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Според индустриските групи, пад има кај енергијата, капиталните, интермедијарните и нетрајните производи за широка потрошувачка.
,,Бројот на работниците во април 2026 година, во однос на април 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2026 година, во однос на април 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6 %, Капитални производи за 2.3 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.“, велат од ДЗС
Како што дополнително посочуваат од таму , во периодот јануари – април годинава, бројот на работниците во индустријата е намален за цели 3 проценти во споредба со истиот период лани.
