Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 7 и 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 33 степени Целзиусови.
Според прогнозите, до средината на следната седмица претпладневните часови ќе бидат сончеви и уште потопли, но поради зголемената атмосферска нестабилност, во попладневните часови ќе постојат услови за локално невреме. Поголема веројатност за појава на краткотрајни поројни врнежи и грмежи има во планинските и југоисточните делови на државата.
Извор:skopjeinfo.mk
