Сѐ помалку луѓе патуваат со автобус: Пад од 5% на бројот на превезени патници во првите три месеци од годинава
Актуелно

Сѐ помалку луѓе патуваат со автобус: Пад од 5% на бројот на превезени патници во првите три месеци од годинава

5/26/2026

Во првиот квартал годинава вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.348.000 и е намален за 5 проценти во однос на првиот квартал од 2025 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за  4.7 проценти, во приградскиот превоз за 8.8 проценти, додека зголемување има во меѓуградскиот превоз за  9.2 проценти и меѓународниот превоз за 1.3 проценти.

Вкупниот број на патничките километри во првото тримесечје изнесува 248.568.000 и е зголемен за 0.3 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Во градскиот превоз бројот е намален за 1.8 проценти, во приградскиот за 8 проценти, а во меѓународниот за 0.4 проценти, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 7.7 проценти.

Извор: skopjeinfo.mk