Нема сигнали за стабилизација на времето и поголемо затоплување до крајот на мај
Актуелно

Нема сигнали за стабилизација на времето и поголемо затоплување до крајот на мај

14. 05. 2026.

Времето во Македонија во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според метеоролозите од идната недела повторно влегуваме во многу нестабилен период кој, според сегашните пресметки на моделите, би можел да се продолжи поголемиот дел од следната недела и во моментов нема сигнал за стабилизација или посилно затоплување до самиот крај на месецот.