Најскап бензин има Холандија – 2,43 евра за литар, а следуваат Данска со 2,35 и Финска со 2,32 евра.
Кај дизелот, највисока цена е забележана во Данска – 2,52 евра за литар, додека во Франција достигнува 2,40 евра, а во Италија 2,36 евра.
За споредба, во Македонија литар дизел чини околу 1,70 евра, односно 104,5 денари.
Сепак, кога цените ќе се споредат со купoвната моќ на населението, сликата е поинаква. Балканските земји се меѓу најпогодените, а најголем товар од цените имаат граѓаните на Босна и Херцеговина. Во ЕУ, најголем притисок врз буџетите има во Грција.
Според анализите, нарушеното снабдување со нафта и проблемите во рафинериите продолжуваат да ги зголемуваат трошоците, а врвот на рафинериските маржи за дизелот се очекува во октомври.
