Со новиот систем, класичното печатирање на пасошите заминува во историја – сите влезови и излезови ќе се евидентираат електронски. Сепак, во првите денови се очекуваат метежи и подолги задржувања на граничните премини, додека службите се прилагодуваат на новите процедури.
ЕЕС ќе собира и биометриски податоци, вклучувајќи отпечатоци од прсти и фотографија на лицето, што ќе овозможи побрза идентификација при секое следно патување. Системот ќе работи 24 часа и ќе овозможи поефикасна контрола на патниците.
Дополнително, автоматски ќе се пресметува дозволениот престој во Шенген-зоната, со што ќе се намали можноста за прекршување на правилото „90 дена во 180 дена“.
Од ЕУ посочуваат дека целта е зајакнување на безбедноста, подобра контрола на миграциите и намалување на злоупотребите. На дел од аеродромите веќе се воведуваат и самопослужни киосци за побрза обработка на патниците.
Новите правила значат едно – патувањето во ЕУ се менува од темел.
Извор: faktor.mk
