Овие температури го најавија првиот врв на топлотниот бран во сезоната во Грција кој се очекува да биде регистриран денеска, на 21 јули. Се очекува температурите да достигнат 42°C во поголемиот дел од земјата, а до 43°C во некои области на Централен Епир.
Интензивната топлина ќе биде придружена со слаб ветер, висока влажност и ограничена циркулација на воздухот, што ќе создаде чувство на уште повисоки температури, особено во урбаните и крајбрежните области. Умерени концентрации на честички се очекуваат и во Западна Грција, објави „Катимерини“.
Се очекува температурите да достигнат 41°C во делови од Македонија, Тракија и Тесалија, додека максимални вредности од 40-41°C се прогнозираат и во Централна Грција. Во Западна Грција, вклучувајќи го и регионот Агринио, температурите би можеле да достигнат 42°C, додека во поголемиот дел од Пелопонез се очекуваат околу 38°C.
Во регионот Атика се предвидува температурите да достигнат 38°C при ведро време, додека во Солун се очекуваат максимуми од 41°C.
Се очекува топлината постепено да се намали од 22 јули во централна и северна Грција, пред да се повлече низ целата земја на 23 јули, кога синоптичарите предвидуваат нагло опаѓање на температурите, како и можност за локално обилни врнежи од дожд и грмотевици.
Агенцијата за цивилна заштита го стави поголемиот дел од земјата под третостепен предупредување за пожар на скала од пет степени.
