Дизелот денеска ќе поевтини за 7 денари?
Актуелно

Дизелот денеска ќе поевтини за 7 денари?

22. 06. 2026.

Падот на цената на суровата нафта на светските берзи и сигналите за смирување на тензиите на Блискиот Исток отвораат можност за поевтинување на горивата во Македонија. Според најавите, бензините би можеле да поевтинат за околу 4 денари по литар, а дизелот за околу 7 денари.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука за намалување на цените, по претходниот период на повеќекратно поскапување. Цените на горивата во изминатите месеци растеа поради глобалната неизвесност и зголемените берзански цени на нафтата.

Конечната одлука за новите цени ќе биде позната денес по седницата на Регулаторната комисија за енергетика, а новиот ценовник ќе биде објавен после пладне. 

Извор: skopjeinfo.mk