Податоците покажуваат постепен пад на фертилитетот во последната деценија – од 1,52 во 2004 и 2014 година, преку 1,49 во 2023 година, до 1,44 во 2024. Истовремено, жените во Македонија првото дете го раѓаат во просек на 27,8 години, што укажува на тенденцијата мајчинството сè почесто да се одложува.
Подолгорочно, во 2024 година се родиле 16.061 дете – речиси трипати помалку отколку во 1960 година, кога биле регистрирани 44.095 живородени.
Сличен тренд се бележи и во Европската унија, каде во 2024 година се родени 3,55 милиони бебиња, што е 3,3 проценти помалку во споредба со 2023 година. Вкупната стапка на фертилитет во ЕУ изнесува 1,34 живородени деца по жена, најниска во Малта (1,01) и највисока во Бугарија (1,72).
Овие податоци укажуваат на демографски предизвици кои можат да влијаат на економскиот и социјалниот развој на земјата во иднина.
