Бараш работа како сметководител? Види каде има слободни места!
Издвоени огласи

Бараш работа како сметководител? Види каде има слободни места!

03. 07. 2025.

Целта на секоја компанија е финансиското работење да го довери во сигурни и професионални раце. Токму затоа сметководството е еден од најважните сегменти во функционирањето на секој бизнис.

Сметководителите се луѓето кои стојат зад бројките – одговараат за точноста на податоците, планирањето на буџетот, плаќањето на даноците и креирањето на финансиските извештаи. Нивната улога не е само техничка – туку и стратешка. Затоа оваа професија бара високо ниво на одговорност, знаење и ажурност.

Добро организирано сметководство обезбедува точна и навремена финансиска слика, што е клучна за донесување правилни одлуки во бизнисот.

На нашиот сајт  vrabotuvanje.com.mk ќе најдете над 700 активни огласи, а ако токму сметководител е вашата струка – проверете ги најновите понуди кои ги избравме за вас!

Денес ги издвојуваме огласите за сметководители – позиција која останува стратешки важна во сите индустрии:

Алби Фешн Ритеил вработува Овластен Сметководител во Скопје.

Можност за работа од дома-Нелт СТ има потреба од Специјалист за сметководство.

Parkland Hospitality Group – Park Hotel & Spa има активен оглас за Специјалист по сметководство (сметководител).

Вработување ХР Солутионс за потребите на свој реномиран клиент – водечка компанија во областа на малопродажба, е во потрага по кандидат на позиција Овластен Сметководител.

Магна Мекатроникс вработува Сметководител во Штип.

Синцеритас АД Скопје вработува Овластен сметководител во Скопје и Росоман.

Construction Energy Parts (CEP) има потреба од Сметководител/Kontabilist/e.

Огласот истекува денес- Вентек Траде вработува Сметководител во Скопје.

Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ, има активен оглас за вработување на Овластен сметководител/Сметководител.

Ananas MК водечка платформа за онлајн купување вработува Финансиски контролор и Аналитичар.

Друштвото за градежништво Фортонмка Инвест го проширува својот тим со нова работна позиција Сметководител.

Ова не е сè – имаме огласи и од други професии, прегледај ги ТУКА.