Дел од граѓаните кои имаат алтернативно греење, како дрва, се подготвуваат за зимата со чистење на оџаците и подготовка на шпоретите на дрва. Според нив, евентуално зголемување на цената на електричната енергија дополнително би ја отежнало ситуацијата, особено за пензионерите и домаќинствата со пониски примања.
Цената на електричната енергија ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика, а конечните одлуки за новите тарифи се очекуваат во следниот период.
