Високите цени на овошје на пазарите ги шокираат граѓаните - праски и цреши по 400 денари, лубеница 100 денари за килограм
Актуелно

Високите цени на овошје на пазарите ги шокираат граѓаните - праски и цреши по 400 денари, лубеница 100 денари за килограм

16. 05. 2025.

Цените на сезонското овошје на пазарите во Скопје достигнаа високи нивоа, предизвикувајќи незадоволство кај граѓаните. Праските и кајсиите се продаваат по 400 денари за килограм, домашните цреши исто така чинат 400 денари, лубениците се 100 денари за килограм, а домашните јагоди се по 200 денари за килограм. Според купувачите, овие високи цени на овошје се недостапни, особено за цреши, кајсии и лубеници, па многумина не прашуваат за цената, туку чекаат да паднат пред да купат.

„Колку беа црешите? Прашав, не ми кажаа веднаш. Рече 400 денари. Ова е превисоко за кризата“, изјави купувач за цените на пазарот.

Купувачите нагласуваат дека купувањето е ограничено на првите 5-6 дена од месецот, кога се исплаќаат плати и пензии. Според продавачите, по овој краток период, продажбата драстично опаѓа. Граѓаните се жалат дека високите цени на овошјето, особено на увезените производи, ги прават недостапни. Јагодите, единствениот домашен производ, се продаваат по 100 денари за кутија. Тие се сметаат за поевтини и поквалитетни во споредба со увезените праски, сливи и кајсии од Турција и Грција.

„Некои цени се повисоки поради увозот. Граѓаните купуваат само кога ќе земат пензии, потоа исчезнуваат. Продажбата трае 5-6 дена, една недела, потоа ништо“, изјави продавач.

Друг продавач додаде неговата јагода е 100 денари за кутија. Праските и сливите се од Турција и Грција, а нивните јагоди се поевтини и поквалитетни. Граѓаните велат дека цените се скапи.

Откако завршија владините мерки за замрзнување на цените, граѓаните постојано изразуваат незадоволство од високите цени на овошје, не само на пазарите, туку и во маркетите низ целата земја.

Граѓаните бараат пониски цени за да можат редовно да купуваат сезонско овошје.

Извор: skopjeinfo.mk