Плажата со најчистата вода на светот: Веројатно не сте ни чуле за овој грчки остров
Актуелно

Плажата со најчистата вода на светот: Веројатно не сте ни чуле за овој грчки остров

21. 05. 2025.

Плажата Праса е прогласена за плажа со најчиста вода во светот.

Грчкиот остров Кимолос, кој се наоѓа во Егејското Море, има плажа со најчиста вода во светот, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на студија спроведена од американската туристичка агенција „Florida Panhandle“. Анализата, која ги зелае предвид мислењата на 2,4 милиони туристи, го откри победникот - плажата Праса.

Праса, бисерот на архипелагот Киклади, е прогласена за плажа со најчиста вода во светот. Покрај тоа, повеќето од плажите што добија највисоки оценки за чистота на водата се наоѓаат во Грција, како што истакна американската компанија.

Плажата Праса, која се наоѓа на североисточниот дел на островот Кимолос, е вистински бисер. Островот, со население од помалку од илјада луѓе, им нуди на туристите не само чисти води, туку и мирот и шармот на мала, ненаселена заедница.

Извор: tocka.com.mk