Битолска Млекара го проширува тимот: Отворени работни позиции во Скопје
Издвоени огласи

Битолска Млекара го проширува тимот: Отворени работни позиции во Скопје

18. 09. 2026.

Еден од најпрепознатливите домашни брендови отвора нови можности за вработување. Млекара АД Битола – Бимилк во моментов има отворени повеќе работни позиции во Скопје (Петровец) и бара нови членови кои ќе станат дел од нејзиниот тим.

Со традиција која започнува уште во 1952 година, Млекара АД Битола е компанија со повеќедецениско искуство во домашната млечна индустрија. Од своите почетоци како прва млекарница во Македонија, компанијата низ годините континуирано се развива, модернизира и инвестира во производствените процеси.

Денес, Бимилк е најголемиот производител на млеко и млечни производи во земјата, а нејзините производи секојдневно стигнуваат до повеќе од еден милион потрошувачи.

Долгогодишната традиција во компанијата оди паралелно со следењето на современите трендови, инвестициите во технологија и континуираното унапредување на производството. Посебно внимание се посветува на квалитетот и безбедноста на производите, но и на луѓето кои стојат зад нивното производство и секојдневно работење.

Токму затоа, за кандидатите кои бараат можност да ја продолжат или започнат својата кариера во голема и добро позната компанија, во моментов се достапни неколку можности за вработување.

ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ:

Пакувач Комора
линк за повеќе детали и аплицирање

Пакувач Комора пола работно време
линк за повеќе детали и аплицирање

Магацински работник Вилушкарист
линк за повеќе детали и аплицирање

Магацински работник Вилушкарист пола работно време
линк за повеќе детали и аплицирање

Што нуди Битолска Млекара?

  • Конкурентна основна плата
  • Бонуси и награди за иницијативност и исклучителен придонес
  • Бонус за препорачан пријател
  • Регрес за годишен одмор во висина од 100%
  • Приватно здравствено осигурување од првиот работен ден
  • Колективно осигурување
  • Платен превоз и храна
  • Дополнителни денови годишен одмор според стаж
  • Ваучер за прашалник на вработените
  • Обезбедена обука за работните процеси
  • Во зависност од работната позиција, обезбедени се и додаток за работа во комора и платена обука за вилушкар

Доколку некоја од позициите одговара на вашето искуство и интереси, погледнете ги деталите од огласот и испратете ја вашата апликација.

Вашата следна професионална можност можеби започнува токму во Битолска Млекара.