46% од Македонците не добиле покачување оваа година — дали платите престанаа да растат?
Актуелно

46% од Македонците не добиле покачување оваа година — дали платите престанаа да растат?

08. 12. 2025.

Покачувањата станаа мит – работниците чекаат, платите мируваат

Македонците и понатаму имаат умерени очекувања кога станува збор за примањата. Според најновото Регионално истражување на пазарот на трудот, најголем дел од испитаниците во Македонија – 33% – би биле задоволни со плата до 730 евра месечно. Дополнителни 29% посакуваат примања меѓу 731 и 1.060 евра, а само 7% би сакале плата повисока од 2.000 евра.

Иако очекувањата не се високи, резултатите покажуваат дека зголемувањето на платите е реткост. Речиси половина од испитаниците (46%) не добиле никакво покачување оваа година. Само 19% виделе раст на примањата, а 15% добиле корекција поради инфлацијата.

Овие податоци објаснуваат зошто повеќе од половина испитаници активно размислуваат за промена на работното место во следните 12 месеци. Недостатокот на раст на примањата и слабите можности за напредување се главните причини за тоа.

Колкава плата заслужувате?проверете тука Плати по позиција, просечна плата, Македонија - Mojaplata.mk