Volkswagen планира да укине 100.000 работни места и да затвори четири фабрики во Германија
Актуелно

Volkswagen планира да укине 100.000 работни места и да затвори четири фабрики во Германија

26. 06. 2026.

Извршниот директор на „Volkswagen“ (VW), Оливер Блум, планира да намали до 100.000 работни места и да го суспендира производството во четири германски фабрики, објави германскиот бизнис портал „Менаџер магазин“.

Планот вклучува намалување на планираните инвестиции за околу 15 проценти, како што објави „Ројтерс“, на нешто повеќе од 130 милијарди евра (148 милијарди долари) во следните пет години.

„Фолксваген“ исто така планира да го запре производството во фабриките во Хановер, Цвикау и Емден, како и во фабриката на „Ауди“ во Некарсулм, кога постојните модели на возила ќе бидат повлечени од производство.

Извор: mk.tv21.tv