Новата продавница е планирано да ги отвори вратите во текот на првата недела од октомври, додека точниот датум дополнително ќе биде утврден.
Со новата локација во Diamond Mall, мрежата на компанијата ќе се зголеми на осум продавници во Македонија. Проширувањето е дел од долгорочниот развој на Beosport, кој особено интензивно расте во последните неколку години.
Само во изминатите четири години компанијата отвори три нови продавници, а плановите за раст не запираат тука – предвидено е понатамошно проширување и отворање нови локации.
Растот на компанијата отвора простор и за раст на вработените
Со секоја нова продавница расте и тимот на Beosport, а токму развојот на вработените е еден од важните сегменти во работењето на компанијата.
Beosport вложува во обука и развој на своите вработени, со цел тие да стекнат знаења и вештини кои им овозможуваат да напредуваат во рамките на компанијата. Благодарение на континуираното ширење на малопродажната мрежа, се отвораат и нови можности за преземање поголеми одговорности и развој на кариерата.
Вработените кои започнуваат од позиција продавач имаат можност релативно брзо да напредуваат кон повисоки позиции, во зависност од нивниот ангажман, резултати и развој.
Светски познати брендови на едно место
Beosport е дел од регионална малопродажна мрежа и во своето портфолио обединува голем број меѓународно познати fashion, casual, street и спортски брендови.
Во понудата се застапени реномирани брендови како Alpha Industries, Kyoto-3, Pepe Jeans, Superdry, G-Star, Salomon, NGN, The North Face, Wilson, Suunto и многу други. Асортиманот опфаќа современа мода, обувки и опрема за различни спортски и outdoor активности.
Отворањето на новата продавница во Diamond Mall е продолжение на развојната стратегија на компанијата и уште една потврда за нејзините планови за понатамошно ширење на македонскиот пазар.
За оние кои сакаат да ја развиваат својата кариера во динамична retail средина, растот на Beosport значи и нови можности за вработување, учење и професионално напредување.

