Грција нуди стипендија за Македонци, месечно ќе дава 650 евра
Актуелно

Грција нуди стипендија за Македонци, месечно ќе дава 650 евра

15. 08. 2025.

Еве што може да студирате

Република Грција објави јавен повик за аплицирање за стипендија за додипломски студии на грчките јавни универзитети, почнувајќи од академската 2025/2026 година.

Програми и услови

Меѓу понудените програми се: грчки јазик и литература, историја и археологија, заштита на антиквитети и уметнички дела, новинарство и медиуми, теологија (вклучувајќи исламски студии), право, економија, политички науки, медицина и здравствени науки.

Познавањето на грчкиот јазик е предност, но не е задолжително. Стипендистите без работно познавање на грчкиот јазик ќе посетуваат курс во траење до осум месеци, пред почетокот на редовните студии во академската 2026/2027 година.

Што обезбедува стипендијата?

  • Месечен надомест од 650 евра
  • Бесплатен курс по грчки јазик (доколку е потребно)
  • Бесплатни учебници (освен оние на Факултетот за грчки јазик)

Како да аплицирате?

Кандидатите можат да аплицираат за најмногу три оддели, приложувајќи:

  • Биографија на грчки или англиски јазик
  • Копија од диплома за завршено средно образование*
  • Потврда дека дипломата овозможува прием во високообразовни институции во Северна Македонија*
  • Сертификат за познавање на грчки јазик (доколку е достапен)
  • Извод од матична книга на родени/државјанство*

* Документите мора да бидат официјално преведени на грчки јазик и соодветно легализирани.

Апликациите се поднесуваат лично во Амбасадата на Грција во Скопје или во Генералниот конзулат на Грција во Битола најдоцна до 8 септември 2025 година.

Повеќе информации за грчките јавни универзитети може да се најдат на веб-страницата Studying Greece.