Според сведоштва на патниците, за влез во Грција се чека и по неколку часа.
Возачите велат дека сообраќајот се одвива бавно, а колоните постојано се зголемуваат, особено во утринските часови кога најголем број граѓани тргнуваат кон грчките плажи.
Надлежните препорачуваат патниците навреме да се информираат за состојбата на граничните премини и, доколку имаат можност, да го планираат патувањето надвор од шпиц-термините или да користат алтернативни гранични премини.
