Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 9 до 15 степени. Во Скопје се очекува минимална температура од 7, а максимална до 11 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време со променлива облачност. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла, а од петок облачноста постепено ќе се намалува.
Сепак, најстудено ќе биде за време на викендот, кога минималните температури на повеќе места во Македонија ќе се спуштат под нулата.
