На сајтот vrabotuvanje.com.mk се достапни над 650 активни огласи.
Денес ви подготвивме огласи за РАБОТА ВО СТРАНСТВО. Имаме слободни позиции во Чешка, Холандија, Белгија, Франција, Германија, Словенија, Црна Гора, Грција...
На сите кандидати им посакуваме многу успех во пронаоѓањето на нова работа, а во продолжение погледнете неколку понуди кои ги одбравме:
Работа во Словенија
1. За потребите на клиент, еден од најголемите и најпознатите трговски ланци, кој опфаќа супермаркети и хипермаркети низ цела Словенија, бараме: МЕСАР ВО ЛАНЕЦ НА СУПЕРМАРКЕТИ – со или без ЕУ документи. Нето плата од 1300 до 1500 ЕУР.
2. За потребите на клиент, еден од најголемите и најпознатите трговски ланци, кој опфаќа супермаркети и хипермаркети низ цела Словенија, бараме: МАГАЦИОНЕР – со или без ЕУ документи. Нето плата од 1200 до 1400 ЕУР.
Работа во Чешка
1. РАБОТА ВО ЧЕШКА (Kutná Hora). Manpower за потребите на нивен реномиран клиент во Чешка, бара СЕРВИСЕР / ОПЕРАТОР ЗА ПОПРАВКИ (Repair Operator)
Работа во Црна Гора
1. Euromix Beton – компанија за производство и испорака на бетон во Бар, Црна Гора вработува кандидати од Македонија. СИТЕ ОГЛАСИ СЕ НА ЛИНКОТ.
2. Аптека Bokapharm во Ѓеновиќи, Херцег Нови, огласува потреба од Дипломиран фармацевт/Магистер по фармација. Почетната плата изнесува 1.300 евра, со обезбеденo сместување и работа на атрактивна, мирна локација. Компанијата обезбедува целосна поддршка при сите административни процедури, вклучувајќи нострификација и лиценцирање. Локацијата е веднаш до комплексот Porto Novi.
Холандија, Белгија, Франција, Германија
1. Доколку си спремен за нова авантура и кариера зад воланот во некоја од земјите на Европската Унија, ова е твојата шанса! СЕ БАРААТ ВОЗАЧИ СО C+E КАТЕГОРИЈА ЗА РАБОТА ВО ЕУ! Нето плата: просечно 3.000 € месечно додека возиш, 420 € за период на одмор. Бонуси: до 3.400 – 3.500 € вкупно месечно (со перформанс-бонуси).
Лерин, Грција
1. Creative Spirits Distillery (C.S.D.) – една од најиновативните дестилерии на Балканот – вработува: DISTILLERY MANAGER
